
CAД шамapи зa Бyгаpиja и oбидот за дecтабилизациja на Maкедониja cо Aлбаниja
САД ја повикува Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат.
„И Албанија и Македонија донесоа тешки одлуки, фундаментални реформи и двете заслужуваат да одат напред на својот пат кон ЕУ”, изјавија од Стејт Департментот за Гласот на Америка.
Ставот на САД доаѓа откако привремената влада во Бугарија соопшти дека Албанија е подготвена да започне преговори, но не и Македонија и дека ќе опстане на блокадата на преговарачката рамка на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември.
Денеска Кирил Петков од формацијата „Продолжуваме со промената“ го доби мандатот за формирање влада од бугарскиот претседател Румен Радев и веднаш му го врати со имињата на новиот кабинет. Бугарското собрание на итна седница треба во понеделник конечно по три избори да ја изгласа новата влада.
Во меѓувреме, Франција, која го презема претседавањето со ЕУ од 1 јануари во следните шест месеци, најави поголема посветеност кон Западен Балкан.
„Историјата се повторува денеска и ние имаме посебна одговорност кон Западен Балкан. Таму мора да спроведеме политика на нов ангажман, но и инвестиции со цел да се фаворизира економската интеграција на регионот – рече францускиот претседател Емануел Макрон.

САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат, а тоа е оценето како обид за дестабилизиција на Македонија од страна на Бугарија по нарачка од Москва.
САД ја повикува Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат.