CBEТOТ ни cе cмее cо пopaките нa Hикoлa Димитpoв

Изјави

Македонија очекува да добие зелено светло од ЕУ и годинава да ги почне прегoворите за членство, вели шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервју за „Фајненшел тајмс“. Смета дека Брисел мора да ја препознае успешната приказна и да не ги отфрла аспирациите на Скопје за евроинтеграција, бидејќи во спротивно би ризикувал да го загуби влијанието на Балканот и би ги зајакнал ривалите во регионот. После оваа изјава во Брисел веќе леб не се јаде, од голема жалост за Никола наш!

Кога постои добар пример [за преговорите за пристапување], тој треба да биде препознаен и награден. Ако тоа не се случи, тогаш моќта на ЕУ станува слаба, вели Димитров, истакнувајќи дека Западниот Балкан сега е „сцена на геополитичко натпреварување” во кое се вклучени Пекинг и Москва.

Според него, ако Европа не може да направи разлика на Балканот, тогаш тешко е да се замисли како тоа ќе направи разлика на друго место. Но никако да разбере дека Европа точно знае што прави Никола заедно со Зоки во Македонија, па резултатот е сосема очекуван!

ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан и ќе ризикува да ги зајакне ривалите како што се Русија и Кина ако не го одобри „уверливиот случај“ на Северна Македонија и не донесе одлука да започне преговори за пристапување на земјата. Ќе биде тешко да разговараат со крената глава за трајни поблиски врски меѓу Брисел и регионот, ако земјите-членки на ЕУ не успеат да ја потврдат одлуката за започнување на процесот на пристапување, истакнува Димитров.

„Фајненшел тајмс“ потсетува дека останува да се види дали Франција, Германија и Холандија ќе ги поддржат аргументите на многу европски дипломати дека балканската земја ги исполни обврските, вклучувајќи го и договорот за името со кој беше ставен крај на деценискиот спор со соседна Грција.

Димитров вели дека не може лесно да ја разбере загриженоста кај некои во ЕУ, и нагласува дека  Македонија создаде атмосфера во која би било речиси срамно да не се постигне консензус за нејзиниот случај. Во исто време Димитров заборава дека истата таа Европа неговата Влада ја прогласи за хибриден режим. Светот му се смее на неговото шарлатанство, а секако и на граѓаните кои сеуште очекуваат нешто од овие изгубени винце дипломати.

Бриселските дипломати и политичари, особено оние во Берлин и Париз се смеат на постојаните празни зборови на Димитров дека земјата направила „очигледен пресврт на подобро“ со решавање на отворените прашања и продлабочување на реформите. Дека земјите од ЕУ годинава не можат едноставно да го игнорираат нашиот случај и да не ги признаат успешните приказни, бидејќи нив денес ги нема премногу.

Димитров предупредува, а светот се смее, дека одбивањето од страна на ЕУ ќе го наруши кредибилитетот на владата во Скопје, кој секако го нема и ќе ги зајакне националистичките сили. Тоа започна веќе да блада со сказните дека ќе биде обесхрабрувачки и за оние кои се обидуваат да ги решат другите важни билатерални спорови со кој се соочува регионот по распадот на поранешна Југославија, мислеќи на неговиот и на Зоки однапред пропаднап проект „Отворен Балкан“.

Сето ова го изјави вицепремиерот Никола Димитров за „Фајненшел тајмс“, а светот се смее!