Еве кој функционер од СДСМ ја НАПУШТА политиката

Политика

Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика, вели министерот за здравство, Венко Филипче кој наскоро ќе се врти на Клиниката за неврохирургија.

Кажа дека амбасадорско место не е во игра. Вели дека со својата професија најмногу може да придонесе.

„Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар“, изјави денеска Филипче.

Парламентарното мнозинство се зголеми со пратениците на Алтернатива, а оваа партија побара да го раководи и Министерството за здравство. Тито Петковски од НСДП кажа дека Алтернатива настапила со максималистички барања. И доктор Никола Пановски кажа дека е несериозно во услови на пандемија да се смени министерот Филипче.