
МЕГА СКАНДАЛ: НАТО во шок, држ. сек. на Шеќеринска син на аѓутант на Ратко Младиќ
Откриена причината зошто НАТО не доделиле безбедносен сертификат на сомнителниот државен секретар на Радмила Шеќеринска, познатиот припадник на „четнички покрет Србије“ Драган Дражо Николиќ, а исто Шеќеринска била на црна листа, па амнестирана од политички причини.
НАТО структурите од земјава, особено секторот за безбедност говорат дека најголемата причина за нарушената доверба за безбедносна соработка помеѓу Македонија и НАТО е токму државниот секретар за одбрана, Драган Дражо Николиќ, кој не бил само истомисленик и идеолошки приврзаник на командантот на српските злосторнички четници Дража Михајловиќ, туку бил син на полковник Николиќ, аѓутант и близок соработник на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.
Имено, кариерите на нив двајца, злосторникот генерал Младиќ и полковникот Николиќ се конектирани на чуден начин. Се започнало од Охрид, во воениот гарнизон на ЈНА, каде по команда се префрлени двајца српски офицери, Ратко Младиќ и Николиќ, а таму е веќе поставен Рацај од Косово. Тогашниот млад мајор Ратко Младиќ ја презема командата над гарнизонот во Охрид, а негов најблизок соработник е токму Николиќ, татко на актуелниот државен секретар во Министерство за одбрана, именуван од Радмила Шеќеринска.
Таму се создава нераскинлива врска помеѓу овие двајца српски офицери Младиќ и Николиќ. Бидејќи двајцата офицери се докажуваат како посветени работници на српската кауза во Југославија, истите се унапредени, а злосторникот Ратко Младиќ е промовиран во чин потполковник како командант на гарнизон Охрид. Унапредување добиваат и мајорот Николиќ и офицерот Рацај, кој за време на мандатот на претседателот Ѓорѓи Иванов по политички сугестии станува Генерал на АРМ и заменик началник на Генералштабот на АРМ.
Кариерата на двајцата српски офицери Николиќ и Младиќ продолжува во Македонија, злосторникот Младиќ е промовиран во чин полковник и прекомандуван во Командант на гарнизон Штип. Младиот Николиќ е унапреден во чин потполковник и кариерата му е трајно врзана за судбината на Ратко Младиќ. Од Штип, полковник Ратко Младиќ е унапреден во Командата на трета армиска област во Скопје, а со него трајно во Скопје со фамилијата се населува српскиот офицер Николиќ, од каде доаѓа денешниот четнички расположен државен секретар Дражо Николиќ.
Оваа фотографија потекнува од деновите на Југославија, кога веќе унапреденот генерал Ратко Младиќ, Командант на Воениот Корпус во Приштина, се сликал со своите најблиски соработници, меѓу кои и аѓутантот Николиќ. Тоа е времето кога се подготвувала интервенција на ЈНА против косовските албанци, под команда на веќе параструктурите во ЈНА на Слободан Милошевиќ. Офицерите од АРМ се сеќаваат дека веќе унапредениот полковник Николиќ бил силен српски националист, кој сонувал Велика Србија и чистење на „шиптарите од незина територија“.
После таа „косовска мисија“ на српските офицери, генералот Ратко Младиќ е испратен на фронт во Книн и во Босна, а останатото добро ви е познато. Воени злосторства, геноцид, масовни гробници, смрт и очај!
Токму на оваа „успешна кариера“ на полковник Николиќ во име на „великосрпското дело“, се должи успешната кариера на синчето Дражо Николиќ, кој сеуште е државен секретар за одбрана на Република Македонија, кадар на Радмила Шеќеринска.
Познато е дека негов спонзор во раководството на СДСМ е познатиот српски агент Миле Зечевиќ, познат како организатор на палењето на амбасадата на САД во Скопје, како одмазда за нападот на НАТО врз Милошевиќ. Покрај ангажманот во партијата СДСМ и логистиката при испраќање мисии и промоции на луѓето блиски до СДСМ, Дражо Николиќ нема некој значаен придонес за МО.
Овие факти за вториот човек во натовското министерство за одбрана дека е докажан српски четник, од делокругот на злосторникот Ратко Младиќ и измеќарите на Милошевиќ во Македонија, многу добро им биле познати на НАТО безбедносните структури, но и на американските служби. Поради соработката на Шеќеринска со Белград, во областа на јавните набавки, таа одбива да го тргне од функцијата.
МКДенес располага со документи од соработката на Шеќеринска со воената индустрија на Србија, кои ќе бидат објавени во следниот период.
Покрај овој скандал и забранетиот влез на Дражо Николиќ во седиштето на НАТО во Брисел, за кој наводно Дражо немал НАТО сертификат, токму поради неговиот директен полтронски однос кон српски радикални четнички националистички кругови во Белград, откриено е дека тој е припадник на сектата на Зоран Вранишковски / иќ.
Неговите конекции со српските структури подметнати во МПЦ – ОА, познати низ цел свет како најблиски поддржувачи на ликот и делото на злосторникот Дража Михајловиќ, се документирани и веќе изнесени пред безбедносните структури на НАТО.
Токму во моментите кога МПЦ – ОА има огромен напредок и пробив во православната екумена, со цел да биде спречено признавање на МПЦ – ОА од страна на Вселенската Патријаршија, СПЦ ги активираше сите српски инсталации во Македонија, да предизвикаат судири и да спречат да се случи тоа признавање, вклучително и Дражо Николиќ, расчинетиот владика Јосиф и неговиот полтрон Григориј, чии слабости се откриени од српските и руски служби. Тие се веќе под нивна уцена и присила, дирекно да дејствуваат против признавање на МПЦ – ОА.
Пред само еден ден е регистрирана нова посета на Дражо Николиќ на Србија, дали целта била координација во оваа насока, прикриена под некаква си конференција и дали е тоа поврзано со јавните набавки на МО од фирми во Србија? МКДенес поседува докази и истите ќе бидат објавени следните денови.