
CAД и EУ – HAТО подгoтвени зa Укpaинa, cе чeка pycки нaпaд
Соединетите Американски Држави се координираа со европските сојузници пред разговорот на пpeтceдателoт Џo Бajден со рycкиот пpeтceдател Влaдимиp Пyтин во вторник, по молба од руска страна, за пакет финансиски санкции што ќе наметнат „значајна и тешка економска штета за руската економија“ доколку Пyтин започне со инвазијата на Укpaина.
„Имавме интензивни разговори со нашите европски партнери за тоа што би направиле колективно во случај на голема руска воена ескалација во Украина и веруваме дека имаме пат напред кој ќе вклучи значителни економски контрамерки и од Европејците и од Обединетите нации“, пренесуваат американските медиуми.
Не се исклучува можноста за директно американско воено вмешување во судирот на источната граница на Украина, каде што Русија ги зголемува воените трупи, што пак ја разгоре меѓународната загриженост.
Во соопштението на Белата куќа објавено истиот ден откако Бајден се пишува дека Бајден и лидерите на Италија, Франција, Германија и Британија се согласиле дека дипломатијата „е единствениот начин за решавање на конфликтот во Донбас преку спроведување на договорите од Минск“. Тие исто така ја повикаа Русија да ги „деескалира тензиите“ и „ја истакнаа нивната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, стои во соопштението.
Портпаролот на владата на Обединетото Кралство изјави дека премиерот Борис Џонсон ветил за време на повикот дека неговата земја „ќе продолжи да ги користи сите економски и дипломатски алатки што и се на располагање за да спречи каква било руска агресија врз Украина“ како и дека европските лидери планираат повторно да зборуваат.
Портпаролот на американскиот секретар за надворешни работи Блинкен, изјави дека секретарот се договорил со Зеленски за „потребата од мирно, дипломатско решавање на конфликтот“ и целосно враќање на „украинскиот суверенитет над нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим“.
Заканата од руска инвазија на Украина се засили во текот на изминатата недела, при што Вашингтон пост прв објави минатиот петок дека американските разузнавачи се сомневаат дека Москва планира офанзива на повеќе фронтови во која ќе учествуваат до 175.000 војници што може да се случи веднаш.
Во меѓувреме, американските власти ги ескалираа своите предупредувања дека Вашингтон ќе возврати ако Москва ги премести своите сили преку границата во Украина, како што направи претходно во 2014 година.
Блинкен, говорејќи минатата среда на завршувањето на состанокот на НАТО во Летонија, предупреди дека Соединетите Држави се „подготвени да наметнат сериозни трошоци за понатамошна руска агресија во Украина“.
„Јасно му ставивме до знаење на Кремљ дека ќе одговориме одлучно, вклучително и со низа економски мерки со големо влијание, од кои се воздржувавме во минатото“, истакна Блинкен.
Минатиот четврток Блинкен се сретна лице в лице со неговиот руски колега, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, на маргините на состанокот на ОБСЕ во Европа минатиот четврток во Шведска.
По таа сесија, Блинкен им рече на новинарите на прес-конференција дека „јасно ја пренесов нашата длабока загриженост и нашата решеност да ја сметаме Русија одговорна за нејзините постапки, вклучително и нашата посветеност да работиме со европските сојузници за да наметнеме тешки трошоци и последици за Русија, доколку таа преземе натамошна агресивна акција против Украина“.
Потоа, минатиот петок, Блинкен повторно предупреди во интервју за Ројтерс дека „ќе има многу сериозни последици“ доколку Русија „се вклучи во обнова на агресија против Украина“.
Бајден, од своја страна, им рече на новинарите минатиот петок дека бил во „постојан контакт“ со украинската влада и европските сојузници на Америка, додавајќи дека Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, исто така, биле „опширно ангажирани“.
„Ова што го правам е да го составам она што верувам дека ќе биде најсеопфатниот и најзначаен збир на иницијативи за да му биде многу, многу тешко на г. Путин да продолжи и да го прави она што луѓето се загрижени дека може да го направи“, изјави Бајден.
Објавувајќи ги плановите за повикот Бајден-Путин минатата сабота, прес-секретарот на Белата куќа Џен Псаки рече во изјава дека претседателот „ќе ја нагласи загриженоста на САД од руските воени активности на границата со Украина и ќе ја потврди поддршката на Соединетите држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
Реториката на Русија се префрли во последниве месеци од нејзиното долгогодишно барање да не и се дозволи на Украина да се приклучи на НАТО, до приговор за какво било присуство на НАТО во Русија. Додека во меѓувреме, американски, британски и канадски војници ги обучуваат украинските сили на локација во далечниот западен агол на земјата.