PAMKOВНО добpo утpo oд аматepкатa за CИТE

Добро утро

PAMKOВЕН зa мнoзинcтвотo!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Зоки успеа од македонските граѓани да направи малцинство, наспроти другите заедници во државата. Имено, во 2001 година беше усогласена рамката за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и Евро-атлантската заедница.

Целта на ваквиот Рамковен договор беше промовирање на мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на CИТЕ македонски граѓани. Низ годините истиот беше повеќекратно злоупотребуван и погрешно толкуван за остварување на поединечни цели или за постепено уривање на уставниот поредок во државата. Со непринципиелното остварување на основните принципи од овој договор, денес не се почитуваат интересите на CИТЕ македонски граѓани.

Да, се отфрли употребата на насилство за остварување политички цели, но „мирните политички решенија’’ не ја загарантираа стабилната и демократска иднина на Македонија. Дали е сочуван суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!? Дали не е повреден унитарниот карактер на државата!? Дали постојат територијални решенија за етничките прашања!? Време е да се анализираат овие прашања и да се даде конечен одговор на истите.

Принципот на недискриминација и рамноправен третман на CИТЕ лица пред законот е злоупотребен. Без да се внимава на интересите на CИТЕ граѓани, политичарите со нивните тезга-политики создадоа нерамноправност во доделување на министерски места и кадровски решенија. Така и Зоки од ракав си додели министерски места, директорски фотељи и којзнае што уште не! Од рамката одамна сме излезени, но загрижува потребата од НOBA рамка, овојпат што ќе ги штити интересите на мнозинството!