БУЧКОВСКИ се распука со гаранции насреде Софија во име на Македонија

Балкан

Наградениот преговарач во името на македонската влада, Владо Бучковски, за време на Балканскиот форум насловен „Време е да се врати довербата“, кој се одржува во Софија, се расфрли со гаранции за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, иако тоа не е апсолвирано прашање околу кое е изграден консензус во македонското општество. Тогаш во чие име зборува Бучковски, кога раскажува дека е направено многу на различни полиња, потенцирајќи ја медиумската област, посочувајќи ги двете национални новински агенции, дека МИА има дописник во Софија, а БТА за неколку дена ќе добие акредитација и за нејзиниот дописник во Скопје?

Бучковски зборуваше недоумници дека Македонија нема да ја нападне и нема територијални претензии кон Бугарија и дека тоа ќе биде изразено во дипломатска нота, а Скопје нема намера да се меша во внатрешните работи на Софија. Тоа значи дека нема намера да побара имплементација на меѓународните пресуди за Македонците во Бугарија. Бучковски дополнително во циркузантски стил рече и дека за шест години ќе имало воз меѓу двата главни града, додавајќи дека Македонија ќе добие 200 милиони евра за изградба на делницата до границата со Бугарија. Оваа делница со другарчињата од СДСМ ја градат веќе 30 години!

Секако, тој во рамки на наградата не изостави да ги прокоментира и пораките што моментално доаѓаат од Софија, посебно од новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, со цел да прикаже триумфализам за наводна оптимистична атмосфера и во Скопје, а тоа да ги вознемири болните бугарски националисти и повторно да им отежнат на новата генерација бугарски политичари да не се најде решение.

Спред него, овој спор повеќе не е само билатерален, туку и регионален, бидејќи опфатена е и Албанија. Тој не само што се расфрли со гаранции на прашањата од публикатадека тој Бучко гарантира за влез на Бугарите во МК Устав, туку и започна со сказни за мултилатералната димензија на македонско – бугарските односи. Според него, национализмот вирее на Западниот Балкан и тоа морале да го спречат, но Бучковски не кажа како.

Форумот ги отвора клучните теми за Западен Балкан, се со цел да се дадат јасни насоки за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. Настанот е организиран во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум. Домаќин на Форумот е европратеникот Илхан Ќучук.