EПИCKOПИТE Пapтениj, Aгатангeл и Jocиф во Coбopeн Xpaм

РЕЛИГИЈА

Епископот Антаниски, г. Партениј игумен на Бигорската Обител, денеска вторни ќе служи вечерна Богослужба во Соборниот Храм, Свети Климент Охридски во Скопје.

На литургијата, која е со благослов на Архиепископот г.г. Стефан, ќе учествуваат и монасите и монахињите од Бигорската Обител.

Вечерната Богослужба во чест на големиот Светител Свети Климент Охридски е со почеток од 17,30.

На денот кога го празнуваме празникот на големиот Светител Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква, во Соборниот храм во Скопје, посветен нему, свечена празнична богослужба, на 07.12.2021 г., со почеток во 17.30ч., со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ќе служи Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со клирици од Скопската епархија и свештенослужители од Бигорскиот манастир.

Утредента, на самиот празничен ден, 08.12.2021 г., во 9.00ч., со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Света Божествена Литургија ќе служи Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архијереите: Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот Антаниски, г. Партениј, како и бројни свештенослужители на нашата Света Црква.

На самото празнување, за радост и благослов на верниот народ, за поклонение ќе бидат изнесени светите мошти на светителот Климент Охридски. Меѓу другото, го замолуваме верниот народ да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, односно задолжително носење на маски и држење социјална дистанца, стои во соопштението на Бигорски.