НОВ СКАНДАЛ на Шеќеринска, НАТО во шок

АНАЛИЗА

НАТО утврдило јато четници и руски агенти во Министерство за одбрана, сите поставени и унапредени од Шеќеринска. Жив фатен кандидатот за воен претставник на Македонија во Алијансата, полковник Зоран Секуловски.

Скандалот со државниот секретар во Министерството за одбрана Дражо Николиќ, неговите конекции со Србија и идеопоклоник на „четнички покрет Србије“ на злосторниците Дража Михајловиќ и Ратко Младиќ, дел од сектата на Зоран Вранишковски / иќ, не е изолиран случај. Покрај овој партиски полтрон поставен на највисоката позиција во Министерство за одбрана токму поради фактот што е син на српски офицер, дел од поттрчковците на Ратко Младиќ, има и десетици други примери на миленици на Шеќеринска кои работат дирекно против македонските интереси и против „натовизацијата“ на македонската одбрана.

Скадалот се проширува со воено лице, полковник Секуловски, кој бил директен соработник на српските злосторници на Слободан Милошевиќ и работел за Ратко Младиќ во рамки на српската војска, одбивајќи да биде дел од АРМ. Во обидот на Шеќеринска да го прикрие идентитетот на овој четник, таа го довела во заблуда и претседателот Пендаровски на кого не му ставила до знаење дека од вкупно 12 кандидати кои биле на интервју за највисоката позиција на АРМ во НАТО, токму фаворитот на Шеќеринска е воен злосторник од Кабинетот на Милошевиќ и соработник на осудениот воен злосторник Младиќ.

Ова предизвикало шок и неверување во Канцеларијата за безбедност на НАТО или скратено НОС. Главната задача на НОС е безбедноста на Алијансата, од сите аспекти, вклучувајќи и контраразузнавање. НОС е куче-трагач кое бара можни закани за Сојузот, превенира протекувања информации и спречува безбедносни упади во сложениот НАТО-систем на управување и носење одлуки. Тоа е тим од 190 луѓе под чија надлежност е и Македонија, најновата членка на НАТО. Токму оперативците на НОС откриваат дека Шеќеринска се обидува да им подметне кукавичко четничко јајце во срцето на НАТО во Брисел, кој понатаму би ги известувал српските и руските служби за работата и воените тајни на Алијансата.

НАТО поставува битни прашања, кои се исто така значајни и за македонската јавност. Зошто биографијата на полковникот Зоран Секуловски била прифатена без проверка на фактите и што се сокрива во истата? Зошто, Шеќеринска го овластува токму полковникот Зоран Секуловски да врши селекција на вработените во Министертвото за одбрана, за спроведување на ВЕТИНГОТ за НАТО? Замислете, фатен разузнавач на непријателски служби на дело, Шеќеринска го става главен да проверува кои се тие предавници! Тоа значи сите одобрени кадри од Шеќеринска и Секуловски се всушност соработници на непријателски служби на Македонија! Токму тие истите спроведоа политички, во стилот на КОС, а не професионален аналитички процеси на ветинг на вработените во МО, при што многу вработени кои не се подобни за српската служба се подложени под дискриминација, ускратено правото за апликација, деградирање на работни позиции и сл. А замислете тоа го прави жив фатен српски шпиун, токму од службите на НАТО!

Токму Шеќеринска избрала српски четник за Шеф на македонската мисија во НАТО, на кого му даде да спроведе политички процес за ограничување на човековите права и слободи во сите државни субјекти од стратегиско значење за Националната безбедност, таков кадар да се занимава со ова прашање, што претставува превид без преседан! Или не е превид, туку дел од разузнавачките операции на руските и српски служби, во кои е замешана и самата Шеќеринска?

МКДенес ќе ја објави биографијата и сторијата со четничкиот полковник во целост!

5 comments

Comments are closed.