ЛДП го крева гласот, Заев итно да објасни што прави

Изјави

Либерално демократската партија очекува премиерот Зоран Заев да ги информира сите коалициски партнери за договорот со Алтернатива за тие да одлучат дали тоа за нив е прифатливо или не. Ова значи дека ништо не е готово, Заев нема мнозинство. Доколку ЛДП и Зелените излезат од влада, Заев попусто се избрука со договорот со Алтернатива, со кој го суспендираше Уставниот поредок на Македонија.

Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енерија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени, му порачува Милески на Заев.

Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

ЛДП и ДОМ имаат три пратеници, а едно министерско место во владата.