НАПАД (видео) врз францускиот кандидат за претседател

Свет

Нападот го извршија левичарски анархисти, продадени на филмот за слободна миграција и антирасизми.

Францускиот десничарски претседателски кандидат Ерик Земур беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Вилпенте, во близина на Париз. Имено, додека Земур (63) се движел кон сцената низ толпа поддржувачи, маж левичар и анархист со двете раце го фатил за глава обидувајќи се да го собори на земја.

Ова, инаку, не е единствениот инцидент што се случи на маргините на митингот, бидејќи група активисти од здружението „СОС Расизам“ беа нападнати од повеќе приврзаници на Ерик Земур. Тоа е здружение кое не разбира дека го уништија француското општество токму такви сос левичарски шупелки.

Здружението на Твитер објави дека нивните членови биле тепани и навредувани затоа што укажале на нивната антирасистичка борба. Тоа здружение во суштина заслужува да биде преиспитано од француските закони дали е уставно дозволено да се спроведува активизам против уставниот поредок н шестата француска република?

Cпоред првичните планови, овој собир требаше да се одржи во концертна сала во Париз, но од безбедносни причини беше преместен во поголем изложбен центар во северните предградија на француската престолнина, бидејќи во Париз се одржа протест против Земур денеска, a меѓу демонстрантите имаше левичарски политички партии, синдикати и антирасистички групи.

Земур, политички новинар, есеист, писател и ТВ аналитичар, ја објави својата кандидатура за претседател на Франција на изборите во 2022 година на 30 ноември.