
БPУKA: Haмecтени cе избopитe зa лидep на CДCM
СДСМ го допре дното и како партија и како ликови кои ја управуваат. До степен на непрепознавање. Во тек се внатрепартиски избори за лидер на партијата, на кои учествуваат тројца кандидати за местото на Заев. Но тоа е само привидно така.
Имено, Заев несакајќи си ги откри намерите да ги намести тие избори и однапред да постави човек за таа позиција, а тоа е неговиот школски другар и компромисно лице со Бранко Црвенковски, Димитар Ковачевски.
Заев во преговорите за нова влада со Алтернатива, го отстапи местото на таа партија токму од Ковачевски, заменик министер за финасии. Тоа со однапред договорен план дека тој ќе биде идниот лидер на партијата и премиер, па неговото место може да го земе Алтернатива.
За каква внатрепартиска демократија и принципи зборува Заев и соработниците, кога ги фалсификува изборите за лидер на неговата партија? Која е таа порака кон неговите членови или кон останатите други двајца кандидати? Дното е веќе пробиено во поведението на политичарите на македонската политичка сцена.
П.П.