Седум лица ОСУДЕНИ на 50 години затвор!

Хроника

Судот во Панама ги осуди на 50 години затвор членовите на една секта, кои во јануари 2020 година „истерувале демони“ и убиле шест деца и една бремена жена.


Судот изрече максимална казна од 50 години затвор за секого од седумтемина обвинети од сектата Ново божја светлина. – Судот во Чангуинола, североисточна Панама ги прогласи за виновни членовите на сектата дека ги врзувале своите жртви, вклучително и шест деца и млади луѓе на возраст од една до 17 години, пред да ги претепаат до смрт со стапови, со библијата и други предмети под изговор дека истеруваат демони.

Бремената жена била насилно однесена во црквата на сектата,каде била убиена пред очите на нејзините пет деца, кои потоа биле претепани до смрт заедно со уште едно малолетно лице. Неколку очевидци, кои исто така биле повредени во ритуалот, потоа успеале да побегнат и да пријават во полиција.