HУKЛEAPEН CKAHДАЛ: Чeтници вo oдбpaнa, Шeќepинcка ги пocтaвилa

АНАЛИЗА

„Hykлeapeн cкaндaл“ Шеќepинcка нa нajвиcoките пoзиции вo Миниcтepcтвото зa одбpaна пocтавила „чeтници“, личнo кoнектиpaни cо cpпcките cлyжби, cо кoи HATО oдбива дa copаботyва!

Министерството за одбрана никако да се прилагоди на новите услови на работа, воспоставени по интеграцијата на Македонија во НАТО. Тоа подразбира повисоки стандарди во сите области, а секако и во безбедноста и доверливоста на лицата кои ги извршуваат највисоките должности во таа институција. Не станува збор само за огромните корупциски скандали во логистиката, умешно задскривани од јавноста, туку и целосно нарушена доверба со НАТО, поради поставување на черници на врвните позиции во министерството, за што најголема дирекна одговорност има Рада Шеќеринска, времен министер за одбрана.

НАТО структурите од земјава, особено оние кои професионално работат на контраразознавање во АНБ, говорат дека најголемата причина за нарушената доверба за безбедносна соработка помеѓу Македонија и НАТО е токму државниот секретар за одбрана, Драган Дража Николиќ, кој својот надимак „Дражо“ помеѓу колегите го има добиено поради неговото идеопоклонство кон командантот на српските злосторнички четници Дража Михајловиќ.

Познато на јавноста е дека истиот идол го споделувале со воениот злосторник на српската војска и полтрон на Слободан Милошевиќ, генералот Ратко Младиќ, осуден од Меѓународниот суд за воени злосторства против човештвото на територијата на поранешна Југославија. Денешниот државен секретар Дражо и поранешниот генерал Ратко имаат ист идол, четничкиот злосторник Дража.

Според информациите до кои може да се стигне преку најблиските соработници и пријатели на семејството на активистот на СДСМ Дражо Николиќ, тој лично се познавал и соработувал со воениот злосторник Ратко Маладиќ, кој беше командант на Третата армиска област на ЈНА, токму Косово и Македонија.

Тој човек, Дражо Николиќ влегува во раководството на Министерството за одбрана само поради длабоки приватни, семејни, оперативни и политички врски со Република Србија. Сега се претставува како државен секретар Драган Николиќ, но сокрива факти дека е син на поранешен српски прочетнички офицер на ЈНА, роден и школуван во Србија, близок соработник на генералот Ратко Маладиќ.

Негов спонзор во раководството на таа партија е познатиот српски агент Миле Зечевиќ, познат како организатор на палењето на амбасадата на САД во Скопје, како одмазда за нападот на НАТО врз Милошевиќ. Покрај ангажманот во партијата СДСМ и логистиката при испраќање мисии и промоции на луѓето блиски до СДСМ, Дражо Николиќ нема некој значаен придонес за МО.

Фактите што втор човек во натовското министерство е докажан српски четник, многу добро им биле познати на НАТО безбедносните структури, но и на американските служби. Информациите од кабинетот на Шеќеринска говорат дека на неа и е јасно ставено до знаење да го тргне овој четнички разузнавач, но поради нејзината лојалност кон Белград не дозволува да биде отстранет од таа позиција.

На него му бил забранет влез во седиштето на НАТО во Брисел, поради што не е во можност да присуствува ниту на протоколарни, а најмалку на службени и доверливи состаноци. Единствено на почетните средби на состаноци на ниво на државни секретари, со цел Македонија да биде сепак застапена како нова земја членка, било дозволено да направи некои фотографии со неговите колеги во Брисел.

На местото на Дражо биле испраќани непосредно пониско распределени државни службеници во кабинетот на Шеќеринска, што е брука за Македонија, на што реагирало НАТО. Исто така тој е отстранет од постапките за доделување на безбедносни сертификати на НАТО, но и од оние од национален карактер. Според тие информации, наводно Дражо немал НАТО сертификат, токму поради неговиот директен полтронски однос кон српски радикални четнички националистички кругови во Белград.

Скадалот се продлабочува уште подлабоко, по откривање на аферата за соработка на четничкиот полтрон Дражо Николиќ со српскиот измеќар и расколник во МПЦ – ОА, Зоран Вранишковски / иќ. Имено, во овие клучни моменти за „натовизација“ на Македонија, а тоа е прочистување на македонските безбедносни структури од соработници на поранешните служби, паралелно се одвива и процесот на ослободување на Македонија од силното културолошко и идеолошко влијание на Србија врз Македонија.

Тоа било особено неприфатливо за четничките измеќари како Дражо, кои отворено влегле во координација со српските структури подметнати во МПЦ – ОА, познати низ цел свет како најблиски поддржувачи на ликот и делото на злосторникот Дража Михајловиќ. СПЦ и нејзините инсталации на Света Гора се познати како најпосветени заштитници на ликот и делото на „четничкиот покрет“ на Србија и тие се најсилните, најжестоки и најомразени антимакедонски структури во светот. Нивно дело е насилна србизација / асимилација на Македонците во цела Македонија преку убивање на илјадници македонски жени и деца.

Токму во моментите кога МПЦ – ОА има огромен напредок и пробив во православната екумена, со цел да биде спречено признавање на МПЦ – ОА од страна на Вселенската Патријаршија, СПЦ ги активираше сите српски инсталации во Македонија, да предизвикаат судири и да спречат да се случи тоа признавање.

Тоа се одвива под менторство на Москва и руските интереси во Македонија. Сите активности на терен се координираат од руската амбасада во Скопје, а се злоставуваат уценетиот и расчинет владика Зоран Вранишковски чии слабости се откриени од српските и руски служби. Тој е веќе под нивна уцена и присила, дирекно да дејствуваат против признавање на МПЦ – ОА.

Дражо Николиќ е документиран во дирекна координација со него, а дел од неговите обврски кон Белград ги исполнува по негово барање и предлози. Дали државниот секретар за одбрана на натовска Македонија, Драган Дражо Николиќ е дирекно вмешан во акцијата на четниците од СПЦ во спроведување на акцијата за субверзивни активности со цел да се спречи признавање на МПЦ ОА, а со тоа и целокупното историско и културно наследство од Светата Охридска Архиепископија да ни припадне во рацете на Македонците, а не на Србите? Дали на Дражо Николиќ, времен четнички државен секретар тоа му смета? Човек кој јаде леб и го храни токму Македонија и Македонците.

Прашањето е дали Македонија со таква организациска структура која е очигледно поврзана со земја која не е членка или партнер на НАТО, во овој случај Република Србија може да биде вистински партнер на сите членки на НАТО?