БРИТАНИЈА во лов на болшевици во Македонија под комада на кошмарот за Путин

Свет

Британскиот премиер Борис Џонсон го именуваше Стјуарт Пич за специјален претставник за Западниот Балкан, специјализиран за македонското прашање на Балканот и конечното решение за Косово. Тие се познати како насилните и најпосветени антируски борци на светско ниво. Што значи доаѓаат тешки денови за руските измеќари на Балкан, особено во Бугарија и Македонија.

Според официјален Лондон, регионот се соочува со најголемата закана по својата стабилност и безбедност во последните две децении, руското влијание драстично порасна и враќање на насилството и поделби од минатото не може да се дозволи, соопшти британската влада. Тие влегуваат под команда на највисок офицер – маршал Стјуарт Пич, кој беше шеф на британската мисија во НАТО. Станува збор за еден од кошмарите на Путин.

„Обединетото Кралство е длабоко посветено на европската безбедност. Западниот Балкан се соочува со најголемата закана за својата стабилност и безбедност во последните две децении. Имаме должност да направиме сè што можеме за да ги зачуваме поместувањата постигнати со мир и дијалог – не смееме да дозволиме какво било враќање на насилството и поделбите од минатото. Големото искуство и стручноста на Стјуарт Пич ќе ги зајакнат меѓународните напори да се заштити мирот и да се промовираат евроатлантските интеграции во овој клучен регион“, се наведува во соопштението.

Британија ќе дејствува и во Босна и Херцеговина, а активноста на Стјуарт Пич ќе ја поддржи работата на меѓународниот висок претставник Кристијан Шмит, кој и понатаму ја има британската поддршка.

Што се однесува до Србија и Косово, тој со британските партнери ќе работи на поддршка на дијалогот на Белград и Приштина, со посредство на Европската Унија. За Македонија и Бугарија јасна е потребата од итно ослободување на односите помеѓу двете земји од руското влијание и блокади.

Улогата на специјален претставник за Западниот Балкан Стјуарт Пич ќе ја преземе откако претходно годинава поднесе оставка на местото претседавач на воениот комитет на НАТО на која беше од 2018 година.