ВАШИНГТОН пост открива што подготвува Русија оваа зима во Украина

Свет

Русија подготвува офанзива врз Украина која би вклучувала до 175.000 војници и тоа веќе следната година, јави „Вашингтон пост“.

Москва се подготвува да почне офанзива со „100 баталјони составени од тактички групи со проценета сила од 175.000 луѓе“, а во офанзивата ќе бидат вклучени и тенкови, артилерија и друга опрема, изјавил за весникот неименуван висок американски функционер.

Пентагон одбил да ги коментира информациите, но изразил голема загриженост поради „агресивните планови на Русија против Украина“, пренесува Бета.

Медиумите веќе известуваат дека САД се подготвуваат за одговор, веќе на терен се силни единици за брз одговор и се инсталираат најмоќните одбранбени системи. Британските специјалци се веќе во Украина.

– Продолжуваме да поддржуваме намалување на тензиите во регионот и дипломатско решение на конфликтот во источна Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Тони Семелрот.

Руските сили сега се концентрираат на четири различни локации со 50 борбени тактички групи, тврди „Вашингтон пост“, повикувајќи се на еден американски воен документ.

Претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, наскоро треба да разговараат за тензиите околу Украина на видеосредба, на молба на Путин кој е свесен дека не е способен да изврши таква агресија врз Украина, поддржана од НАТО. Седум години по руската окупација на полуостровот Крим и терористичките акции на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, состојбата не се смирува.