АЛТЕРНАТИВНО Добро утро

Uncategorized, Добро утро

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

АЛТЕРНАТИВНА ВЛАСТ за себе наспроти ВЛАСТ ЗА СПАС на државноста!

Непринципиелните политики на власта повторно ја ставија државноста на тест. Неколкупати во минатото државноста беше условувана од алтернативни чинители во политиката. Секој нареден пат цената се зголемува, а државата слабее. Така и овојпат. Државноста е оставена во рацете на  друга  Алтернатива.

Борбата за власт и престиж е примарна цел. Не постои ниту грам разум и волја за искрен пристап кон државата. Напротив, во најтешките моменти и кризи се случуваат најголемите предавства и непринципиелни политички ‚‚зделки” од кои бенифит би имале најчесто неколкумина „избрани” или однапред определена група граѓани.

 

Неизвесноста кај граѓаните е присутна подолг период, а абер за состојбата чекаат од Гаши!  Власта откако ја изгуби надежта во народот одлучи да бара друга „алтернатива” за да остане на власт. Без око да им трепне за последиците,  си најдоа  спасител само за себе. Притоа, оваа власт ќе биде без  никаква одговорност и обврска кон граѓаните. Единствено ќе биде одговорна пред „спасителот“ и обврзана да функционира согласно претходно договореното. Што всушност е договорено граѓаните ќе осетат на своја кожа понатаму. За цената не се дискутира бидејќи и онака државата ќе ја плати.

При сите катастрофи и кризи што и се случуваат на државата, сепак се одлучни за  АЛТЕРНАТИВНА ВЛАСТ за себе наспроти ВЛАСТ ЗА СПАС на државноста! Спас за некадарните функционери и скандалозни директорчиња кои се закачени како пијавици на институциите.  Тешко им паѓа помислата дека треба да престанат да „цицаат” и согласни се на секаква алтернатива.

 

Имајќи ги предвид ваквите обиди во минатото, од ваква влада граѓаните немаат очекувања. Но граѓаните знаат однапред  за нејзината судбина. Знаат дека истата нема да трае долго и дека никогаш повеќе нема да им дадат доверба на истите ликови.