ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: САД симулираа нуклеарен напад, Русија плаче

Свет

За време на маневрот „Глобал гром“ САД покажаа дека не се шегуваат и им испратија јасна порака на руските болшевици. Се вежбаше атомски напад врз Русија и од исток и од запад, а американските стратешки бомбардери Б-1Б и Б-52 вежбаа употреба на крстосувачки ракети и учеа како да стигнат до најдлабоките Руски територии, објави Сергеј Шојгу, руски министер за одбрана.

Само во 2020 година американската стратешка авијација изврши 22 лета над Охотското Море, а во изминатиот месец беа извршени околу 30 летови во близина на нашите граници, додаде Шојугу, истакнувајќи дека авионите се приближиле до руската граница на само 20 километри. Секако во светот на сериозните воени стратези, не поминуваат глумци и плачковци како Шојугу.

Сепак, тоа е само дел од американските стратешки маневри. Американски стратешки бомбардери речиси секој ден ја надлетуваат територијата долж руската граница, а тешки крстосувачи пловат по Црното Море. Дополнително, Вашингтон од ден на ден го надградува глобалниот безбедносен систем, со нулта толеранција за болшевички интереси, што е најдобра гаранција за мир во светот.

Америка вложува во одбрана на Европа со ракети со краток и среден дострел и ја распореди својата противракетна одбрана во Полска и Романија. Тие се силни одбранбени ракетни системи со лансирни рампи што може да се лансираат и Томахавки.

Русија започна да плаче. Путин јавно моли за поддршка и бара средби со Бајден.

„Нашите колеги го напуштија Договорот за отворено небо. Што треба да правиме? Да оставиме сè како што е? .. Вие сте паметни луѓе, зошто мислите дека сме будали“, праша Путин новинар од западна агенција.

Во програмата влегува и пријателска Британија, а британскиот разурнувач „Дифендер“ заплови во водите на Црното Море. Антируската стратешка поставеност се засилува, а доверба во болшевици не смее да има. Ако некогаш постоела, треба целосно да е уништена.

Сепак, за сето тоа има логично објаснување – по срамното окупирање на суверена територија на Украина, цел свет виде дека на Русија не смее да и се верува. Белата куќа одлично е информирана за подмолните планови на Путин, и сè потешко може да го одржи во живот митот за градење на доверба помеѓу САД и Русија, врз основа на стравот од нејзиното моќно оружје. Затоа е неопходно да се создаде силен одбранбен систем околу цела Русија која е реален непријател и која и се заканува не само на Америка, туку и на целиот свет.

Во исто време, САД воопшто немаат намера да ја нападнат Русија. Тие се подготвуваат за одбрана на светот од нови руски агресивни авантури како таа во Украина. Премногу свесна е Москва дека ќе има одговори следен пат и тука завршуваат нејзините планови. Многу јасна пораката од малата, локална војна во Украина, која, како што неодамна изјави Владимир Путин, нема да и дозволи на Русија ни за момент да се опушти.

Сепак, Русија се плаши од воена интервенција на Украинската Армија со поддршка од НАТО и кажува дека тоа ќе бил напад врз рускиот народ во Украина. А забораваат дека токму Русија има убиено милиони и милиони украинци, жени и деца.

Иако на сите им беше јасно уште од Студената војна дека секоја нуклеарна војна ќе го означи крајот на целото човештво, појавата на ново и сè помодерно оружје се чини даде надеж дека Русија може да се победи и стави во нормални граници. Поттикнувањето војна на Украина од страна на Русија, предизвика подготовките за нејзин прием во НАТО да се засилат, а сега плачат токму тие. Руската болшевичка пропаганда веќе започна со објавување на приказната дека желбата на Вашингтон да лансира ракета кон Москва од украинска почва, е реална и ќе ја направат доколку е потребно. Денес Америка има ракета која лета со брзина од 5 маха, па би стигнала до својата дестинација за само пет минути, а Русија не би можела да одговори.

Ова е таканаречената теорија на првиот удар – кој победува при првиот лет, бидејќи не му остава можност на противникот да реагира. На тоа Русија веќе нема одговор и покрај целиот арсенал оружје, не постои начин како да пресретне ваква ракета што ќе полета, а САД нема да испратат само една. И тоа, тогаш, навистина би бил крајот!

„Агресорот мора да знае дека одмаздата е неизбежна, дека ќе биде уништен“, беспомошно се заканува Путин.

Плачковците во Москва се тешат дека е тешко да се поверува дека Америка, создавајќи постојана тензија околу границите на Русија, имала намера да поттикне сојуз меѓу Русија и Кина, но резултатот треба да ја потсети на предупредувањето на Кисинџер: Америка може да војува со Русија, може да се бори против Кина, но со Русија и Кина во исто време – не може. Тоа значи, „надај се куре на пијана жена“. Сега пропаднатата Русија се надева дека ќе ја спаси Кина, а точно знае дека на Кина и треба огромна териоторија, а Русија е совршена за кинеска окупација и нови територии за милијардите Кинези. Да не испадне Кина да искористи судир помеѓу САД и Русија и да ја окупира целата азиска територија на Русија која е огромна и празна без население.

Покрај тоа што руската и кинеската армија организираа заеднички воени вежби „Соработка на море 2021“, а руските бомбардери VKS RF Tu-95MS, заедно со кинескиот Xian H-6, патролираа над водите на Јапонското Море и Источното Кинеско Море, сепак Русија знае за интересите на Кина. Особено сега откако се формираше новото Пацифичко НАТО, а територијата на Австралија е засекогаш затворена за кинеска агресија. Двете земји, меѓу другото, вежбаа и заеднички тактички маневри, но уште поважно, јасно им е дека не се подготвени да си помогнат во ситуација кога тоа им е потребно.