МИСТЕРИОЗЕН мирис на плин во Бутел!

Македонија

Мистериозен мирис на плин во неколку куќи во Бутел – Мириса на плин, а доток на плин нема.

Миризба на плин веќе три дена интензивно се шири во домот на Елена Михајловска во скопската населба Бутел. Освен што е неподносливо да се живее во такви услови, таа стравува и за здравјето и безбедноста за себе и за својата ќерка.

Мирисот се шири преку кујната и тоалетот, а за да го спречат ширењето цевките ги покриваат со мокри крпи, а чешмите постојано течат. Миризбата на плин се чувствува во неколку соседни куќи.

Побарале помош од сите служби.

Иако излегле на терен екипи од сите служби задолжени за помош и грижа на граѓаните, останува нејасно зошто и од каде доаѓа мирисот на плин, но и дали и колку е опасно за здравјето на граѓаните.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека во два наврати извршиле контрола кај соседната бензинска пумпа и резервоарите за плин но, утврдиле дека нема никакво истекување ниту таму, ниту од шахтите во околината.

Мистеријата останува, а Елена и нејзината ќерка и вечерва нема да спијат во својот дом.