СКАНДАЛОЗНА набавка!

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) купила денеска нови колични електрична енергија за потрошувачка за 7 дена односно од 6 до 12 декември за што ќе плати  3,85 милиони евра!

Информацијата не е јавно достапна на интернет страницата на ЕСМ,  а неофицијално  струјата ќе се набавува од три компании. Највисоката цена е 325 евра за мегават час, останатите две се нешто над 324 евра за мегаватчас.

Државата ќе купи од овие добавувачи 100 мегвати електрична енергија, штое капацитет на пола блок од РЕК Битола.