Мега скандал! Нов договор со Бугарија?
Македонската влада го прифати т.н. Португалски предлог. Тоа е фактички повторно прифаѓање на нов договор со Бугарија. Под меѓународен притисок. Тоа е решение надвор од постоечкиот договор помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година.
Скандалот да биде поголем, Заев и Шеќеринска прифатиле предлог што Бугарија го отфрла.
Предлозите на португалското претседателство за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија кои денеска беа презентирани на бугарскиот државен врв се неприфатливи за официјална Софија.
Според информациите на бугарските медиуми, повторно Македонија е пред уцени. Во предлогот е предвидено Македонија да се согласи дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година. Двете држави да дистрибуираат еднострани декларации за краткото и долгото име на Република Северна Македонија. Што значи со Бугарија сега да се објаснуваме за името Македонија. Трето е учество на странски експерти во историската Комисија.
За Бугарија ова е спорно бидејќи не се задира во сржта на проблемот. Коренот на македонскиот јазик и идентитет кои според официјалниот став на бугарскиот државен врв се бугарски. Во Софија коментираат дека предлозите се модификација на оние за кои минатата година Македонија и Бугарија преговараа во Берлин. За кои не се најде заднички јазик. Фактот што во предлогот се споменуваат „црвените линии“ на Македонија го оценуваат како преседан.
Во Софија има и забелешки што предлогот предвидува македонските власти да изготват „патоказ“ за исполнување на договорот од 2017 година. Бугарија е лишена од можноста да реагира доколку Македонија повторно не ги исполни своите обврски.
Бугарскиот шеф на дипломатијата Светлан Стоев, по средбата со потругалскиот колега Сантош Силва изјави дека Бугарија е подготвена за дијалог во дух на контструктивност и воспоставување на добра атмосфера.
Тој смета дека Македонија мора да превземе конкретни позитивни постапки за да се воспостави дијалогот на највисоко ниво. Стоев додаде дека е подготвен и за средба со македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи.
Шефот на португалската дипломатија, Аугусто Сантош Силва, имаше средба со Радев и Стоев.
Соопшти дека проширувањето на Унијата кое беше приоритет на Бугарија во 2018 година е приоритет и за Португаија и дека е исклучително важен процес за Унијата. Тој истакна дека ќе ги земат предвид бугарските забелешки и предлози.
ЕУ сака пакет договор со Бугарија за старт на преговорите на Македонија и Албанија, но и за Србија и Црна Гора.
Еврокомесарот Оливер Вахјеи пак кажа дека е клучно да ги чујат бугарските ставови за да може да се дефнираат следните чекори за проширувањето на Унијата.
Силва и Вархеји попладнево доаѓаат во Скопје каде што ќе имаат средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата ОсманиТие ќе го презентираат планот со предлозите за надминување на спорот со Бугарија и старт на преговорите со Унијата.
Дипломатската активност за нов договор со Бугарија се засилува. Европа дава силна поддршка на португалскиот предлог. Тоа е начин да се деблокира стартот на преговорите на Македонија со Европската Унија. Ваква порака денеска во Скопје испратија министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словенија.
-Тука сме за да дадеме поддршка на процесот. Ниту Европа ниту Македонија веќе немаат време за чекање. Од клучна важност е Бугарија и Македонија билатералните прашања да ги решаваат преку билатерални договори, а не преку Брисел, порачаа тие.
На прашање дали ЕУ се измори од 16 години испраќање пораки кои се сведуваат само на зборови, шефот на дипломатијата на Австрија, Александар Шаленберг одговори:
„Нештата навистина се променети. Затоа што сега зборуваме за конкретен датум, за отворање на меѓувладината конференција за започнување на преговорите“.
Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек порача дека ЕУ не може и не смее да си дозволи да се заглави во ваквите историски спорови и барања.
„Мораме да го ставиме процесот во оптег. Ја планираме оваа конференција во јуни. Го спомнавме тоа и сакаме да направиме се што е можно за таа да се случи и затоа сме овде сите тројца министри“ смета тој.