ГРУЕВСКИ отвори тема од која се тресе Бугарија (документ)

АНАЛИЗА

Пред неколку денови, поранешниот премиер Никола Груевски на негов личен блог објави текст под наслов „КИРИЛ ДРАНГОВ И СУДБИНАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА РАСФОРМИРАНОТО ВМРО ЗА ВРЕМЕ И ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“, со што во јавноста ја отвори дискусијата за македонското херојско семејство Дрангови.

Доколку историчарите навлезат во темата, ќе се открие страшната вистина за Бугарија, а тоа е дека таа го уби ова семејство поради нивен македонизам и борба за независна Македонија.

Не само убиството на Кирил Дрангов, туку и случувањата со неговото семејство во Софија, но и фактот од кој Бугарија се тресе, а тоа е посебните македонски единици кои за време на Првата светска војна ги предводел таткото на Кирил, легендарниот Полковник Дрангов, кој животот го положил за независна Македонија, а не за голема Бугарија.

Тажната судбина на семејството Дрангови под насилствата од бугарските власти било забрането да се објавуваат во бугарските медиуми, дури и они под контрола на ВМРО. МКДенес објавува ексклузивен новинарски извештај, во кого е опишан теророт врз ова семејство од страна на бугарските власти.

Во извештајот е опишана хајката на бугарската полиција против многумина македонски дејци, кои останале да живеат во Софија. Секој ден се претресувале десетици куќи, а за само еден ден биле малтретирани преку триесет семејства.

Извршен бил претрес во домовите на соработниците на весникот Македонија, во кој постојано се пишувало за македонската посебност и борба за независна Македонија. Посебно се потенцира куќата на Кирил Дрангов, во која акција дури била приведена и малтретирана во полиција неговата мајка и жена на херојот Борис Дрангов.

Во тие злосторства бил уапсен Димитар Михајлов, лидерот на македонската младина.

Ова се само капка во морето од бугарските злосторства врз семејствата на македонските дејци, кои до денес се обидува да ги сокрие Бугарија.