
ХАОС во Турција, еве што се случува
Продолжува падот на вредноста на турската лира – еден долар е повеќе од 15 лири. Турскот претседател Реџеп Таип Ердоган не се откажува од намалување на каматната стапка и е уверен дека тоа е начинот за запирање на падот на вредноста на валутата. Тој сега е и Гувернер и банкар и министер за финасии. Едноставно Ердоган се знае, па затоа Турција е пред колапс.
На 16 ноември, Ердоган при своето обраќање пред парламентарците, во стилот на онаа старата за султанот и везирите, изјавил дека ќе продолжи да се бори за намалување на каматната стапка, зашто тој знаел како треба, а не експертите за јавни финансии. Според американскиот портал Блумберг, надлежните органи ја намалувале стапката под негов притисок, што последователно резултирало со пад на вредноста на лирата.
Јас и оние кои ја бранат каматната стапка не можеме да бидеме на истиот пат. Сулатанот заедно со граѓаните ќе го отстраниме товарот од каматната стапка – порача Ердоган, и немало да слушаат што кажуваат Гувернерите. Тие биле неспособни и не се разбирале од монетарна економија. Турскиот претседател влезен во филм на султан, повторувајќи дека високите трошоци од задолжувањата се главната причина за инфлацијата, сега со намалување на стапките ќе ја спасел лирата.
Одговарајќи на обвинувањата дека врши интензивен политички притисок врз работата на Централната банка, Ердоган рече дека оваа финансиска институција носи независни одлуки, иако неговиот однос е дека таа не е способна за тоа, па мора он да им каже како да работат. Меѓутоа, како што наведува Блумберг, сепак султанот ја презел работата во свои раце и неколкумина вработени во банката, пред се гувернерите останале без работа поради непочитувањето на неговите одлуки. Сахап Кавчиоглу е четвртиот гувернер на Централната банка од 2019 година наваму, чија глава ја побара султанот.
Еден долар сега вреди повеќе од 15 лири, а падот на вредноста на валутата продолжи и после обраќањето на Ердоган пред парламентарците и по себепрогласувањето за најдобар економист.
Неговата владеачка Партија на правдата и развојот (ППР) со години успехот го темелеше на големиот економски раст, за кој пак Блумберг истакна дека истиот бил врз основа на намалувањето на трошоците на кредитирање. Поддршката за Партијата на правдата и развојот започна да опаѓа поради економските проблеми предизвикани со пандемијата на коронавирусот. Смената на Ердоган се очекува уште пред нова година.