
БУГАРИЈА не ја предавајте, Дракула бил Бугарин, а сега Македонија бугарска
Проф. Николај Овчаров, познат по тоа дека открил вампири Бугари и дека Дракула бил Бугарин, се појави со нови пискотници по повод настаните во Бугарија и формирање на новата влада. Опцијата на надградба на бугарската позиција за овој руски милицаец Овчаров е предавство на Бугарија во интерес на Македонија.
Според него, по правилото на неговиот идол Карл Маркс, историјата ќе се повтори, прво било трагедија со договорот во Блед помеѓу Тито и Димитров, а сега ќе биде фарса. Но повторно Бугарија ќе ја изгубела Македонија. Овие болшевички психопати во Бугарија креираат јавно мислење и мислат дека живееме во 19ти век.
Овчаров како заколнат сталинист – живковист, од школата на Божидар Димитров, најголемиот фалсификатор на историски документи во Бугарија, смета дека е нормално во 21ви век и во рамки на ЕУ да се има отворени територијални и асимилаторски претензии кон сосед. Ваков бандитизам не е забележан последните децении на Балкан.
Неговата статија е објавена во прорускиот болшевички весник / портал во Бугарија, Труд основан од божидарковци за време на Тодор Живков, имеќарот на Москва. Во таа статија тој се повикува на историски права на Бугарија врз Македонија, објаснува како Димитров му ги предал на Тито Бугарите од Македонија, како треба ветото за Македонија да остане трајно се додека не ги прифатиме и најболните соништа на руските милицајци од Бугарија.