
CPПCKИТE пeдoфили oд cпц cо нoви нaпaди вpз Maкедoниja и MПЦ – OА
Колку интензивно работи Вселенската патријаршија на автокефалноста за МПЦ?
Ќе има ли ново и повисоко скалило во дијалогот меѓу Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Вселенската патријаршија (ВП)? И дали заканите од лажната српска црква (спц) може да го поколебаат Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во намерата да се најде решение за автокефалноста на МПЦ-ОА? Овие дилеми повторно се актуализираа откако спц, по подолго време, пак предупреди дека Вселенската патријаршија може да повлече потег повеќе за поблиску до автокефалност на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
спц по секоја цена ќе го попречува признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА
Лажната српска црква не се откажува од намерата по секоја цена да спречи признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Последната таква најава доаѓа од патријаршискиот двор, лично од викарниот демек епископ антонија, на српскиот патријарх порфириј. Ваквата атака од страна на високи црквени крими великодостојници од спц го прави уште посериозен и подлабок постојниот проблем меѓу двете цркви, МПЦ и спц. Уште повеќе, тоа наедно му дава и многу поширок граѓански, односно правно-политички дискурс на проблемот.
Наводниот епископ моравички испратил отворено предупредување и закана на Вартоломеј дека спц ќе ги прекине сослужувањата со него ако одлучи да го решава црковниот спор во Македонија.
– Тоа може да доведе до прекин на евхаристиското општење на спц со Фанар -изјавил лажниот епископ моравички антониј (Пантелиќ). Тој бил дециден и рекол дека доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава што може да го наруши евхаристиското општење помеѓу Константинопол и лажната српска црква.
Заборавајќи комплетно на фактот дека и спц има добиено автокефалија од истата Вселенска патријаршија, но само за митрополија, овој српски бандит демек епископ го фокусира своето излагање околу темата дека Вартоломеј не е папа и нема власт над Црквата и нема полномоштво да ѝ доделува автокефалија на ниту една од структурите на помесните цркви.
Подготовки на Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на МПЦ?
Нападите од педофилските српските владици кон Вселенскиот Патријарх почнаа откако Вартоломеј го стави во процедура прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА. Познавачот на состојбите во православието Бранко Ѓорѓевски се надева дека ваквата предупредувачка изјава на лажниот епископ антониј е резултат на сознанијата дека Вселенската патријаршија се подготвува да ја признае автокефалноста на МПЦ.
– Вакво нешто може и треба да се очекува од спц, бидејќи таа ќе се почувствува како засегната црква и ќе мора да одговори поостро. Таа, познато е, не ја прекина комуникацијата со Вселенската патријаршија – објаснува Ѓорѓевски. Според него, ова не е прво предупредување од редовите на спц.
– Ова нема да ги исплаши и да ги премисли Вселенскиот Патријарх и Патријаршијата од намерата да се реши македонскиот црковен проблем. Да постоеше таков страв, немаше ВП да започне со процедура на разгледување на нашето црковно барање за признавањето на нашата автокефалност. Вселенскиот патријарх и во изминатиов период покажа дека не го плашат заканите што доаѓаат од Белград и дека не се премислува за признавањето на автокефалноста и решавањето на македонското црковно прашање.
Тој не случајно постојано зборува за потребата да се решаваат отворените прашања во православието, особено за вклучување на сите народи што се сега надвор од него. А тоа е добар сигнал за нас – заклучува Ѓорѓевски.
Црковно-територијални претензии на спц кон Македонија и МПЦ
А српскиот докажан психопат бачки иринеј буловиќ пред неколку дена, за време на богослужбата во Соборниот храм во Нови Сад, истакнал дека „Србија се протега од Кајмакчалан во Македонија сè до денешна Словенија“, каде што живеат Срби.
Имено, со неговата последна изјава, тој јасно укажува на тоа дека за спц ништо не значи тоа што Македонија е независна држава и во контекст на нејзината црковна власт во рамките на државата.
Тезата дека црковните граници не се исти со државните и дека тие (црковните граници) се вечни, за разлика од државните, е јасна порака дека спц никогаш нема да се согласи со автокефална Црква во Македонија.