АМЕРИКАНЦИТЕ ги потиснаа Русите од Црно Море

Свет

Американскиот моќен разурнувач Портер, опремен со многу ракетно и против ракетно оружје, го започна преминот од Црното Море во Средоземното Море, соопшти Шестата флота на американската морнарица.

Американскиот разурнувач Портер / ДДГ 78 / од класата Арли Бурк, денеска го започна предвидениот трансфер од Црното Море во Средоземното Море, по поморските операции и заедничките вежби што беа организирани со сојузниците и партнерите на НАТО во Црното Море, се вели во соопштението.

Шестата флота на почетокот на месецов објави дека бродот Маунт Витни оди во Црното Море, на заеднички вежби. Маунт Витни претходно заедно со Портер влезе во грузиското пристаниште Батуми, пренесуваат агенциите.

Ова сериозно го привлече руското внимание, а на Русите преку засилените активности на САД и НАТО во областа на Црното Море им се испрати јасна порака, дека не е многу паметно да продолжат да си играат со огнени оружја во близина на Украина и останатите земји членки од НАТО, кои имаат територијални граници во таа област.

Во последните 24 часа биле забележани само четири извиднички руски авиони кои смееле само да констатираат дека веќе се потиснати и од Црно Море. Москва ги смета ненајавените вежби во близина на руската граница за агресија што претставува закана за стабилност на државата, но може само да мрчи и почитува што и се кажува.