
AБEP oд POMАН oд Bceленcки Cтaмбoл кoн Pycиjа зa MПЦ – OA
Архимандритот на Вселенската патријаршија, Роман Анастасиадис, коментирајќи го собирот на лажните болшевички украински епископи и педофилските српски кај Зоран Вранишковиќ, бара итно решавање на црковниот спор во Македонија. Асистентот на Вселенскиот Патријарх смета дека злосторот што српскиот национализам го прави врз православните во Македонија е многу поголем од оној што Русија го прави во Укарина.
Еве што напиша отец Роман на својот фејсбук профил.
Борисполскиот владика од неканонската Црква во Украина (т.е. УПЦ-Московски патријархат – б.п.) на именден кај Зоран Вранишковиќ… сите беа едно… убаво друштвенце… двајца без тројца!!! Добро, именден на коџамити… демек Архиепископ, а служеа во една… одаја? Со некои дваесетина верни само? Тоа ли е стадото на лажниот српски патријарх во Македонија?
Таму, злосторот што се извршува, заради еретичкиот српски национализам, е многу поголем отколку во Украина. Во Украина барем верните отприлика се поделени на две страни, од кои секоја има паства од по неколку милиони. Во Скопје огромното мнозинство (тукуречи сите) Православни се обврзани да живеат со децении во шизма… А ние им правиме атер на неблагодарните Срби… Ова најголемо црковно прашање треба веднаш да се реши.
Великата Мајка Црква во Константинопол не може веќе да не одговори на Црквите на нејзините изнамачени чеда во Македонија. Ниту обостраните национализми, ниту неправославните спогодби можат да го оправдаат овој злостор кој трае на сметка на илјадници души. Доста е веќе со компромиси со ѓаволот и со неговите инструменти во Русија и Србија…