УДАРНА ВЕСТ од Бугарија за преговорите со Македонија

Балкан

Во моментов завршија преговорите помеѓу коалиционите партнери за формирање на новата Влада на Бугарија со мандатар Кирил Петков. Завршена е коалиционата владина програма, во која последно се дискутираше за Македонија.

Во новата владина програма влезе нова формула за Македонија која гласи: „Запазување на бугарската позиција и нејзина надградба во конструктивен дух“, по што следуваат точки во контекст на таа надградба.

Ова всушност е целосна промена на политиките на Бугарија кон Македонија и отварање на нова шанса за добрососедство. Ригорозната антимакедонска рамковна позиција ќе се надоградува во конструктивна насока, односно е веќе напуштена и се отвара простор за нејзнина измена, т.н. „надоградба“.

Добрите вести од Бугарија ќе бидат поздравени од Македонија, САД и ЕУ. Русија ги губи позициите во Бугарија, на задоволство на Македонија.