
БОМБА: ОТКРИЕНО каде ќе бега Груевски од Унгарија
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана објавува опширни анализи за Македонија „со историски последици“, а не гледа што им се подготвува во сопствениот дом во Словенија.
Многумина аналитичари од Балканот и Европа, не само ИФИМЕС, известуваат дека тригодишниот политички азил на Никола Груевски во Унгарија истече во октомври 2021 година, а тој преговарал со Русија и Турција за можноста за добивање политички азил. Секако дека тоа е точно, говорат нашите извори од најблиските соработници на Груевски.
Но реализацијата на тие планови се проблематични. Во Турција власта на Ердоган завршува, а Груевски не се чувствува безбеден со новите власти. Додека пак доколку замине за Русија, го очекува судбината на Мира и Марко Милошевиќ. Сите пари ќе му ги собере бандитот Путин, а Груевски ќе остане изолиран во некоја провинција на Сибир и ќе чека пензија од Путин.
„Опција е и можноста за враќање во Македонија по локалните избори, на кои веќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Планот за соборувањето на Зоран Заев и неговата влада не успеа и покрај инсистирањето на Грувески. Сценариото го играат серија акции зад сцената, кои во најголем дел беа спречени. Тоа би било нов почеток за Македонија и враќање во старата држава – дали граѓаните на Македонија навистина го сакаат тоа?“, прашува ИФИМЕС на крајот од анализата.
За жал Словенците анализираат за Македонија, а не си гледаат под носот. Всушност Груевски веќе договорил дестинација, на која многу лесно може да премине премине преку унгарската граница, а тоа е Словенија. На база на истите аргументи и европски нормативни акти на кои Унгарија му додели азил, Словенија ќе ја повтори истата постапка. На тој начин Груевски ќе добие нови три години во Љубљана, каде владее неговиот пријател Јанес Јанша.
Близок пријател на Груевски, кој работи во Словенија потврдува дека азилот за таа земја е завршена работа и тој заминува за Љубљана. Власта на Јанша е многу лабава и може лесно да падне, но тоа не го загрижувало Груевски. Следните кои ќе дојдат на власт во Словенија биле многу ефтини за разлика од Путин. Со „ситни“ пари може да се среди да не прават проблем со азилот на Никола.
На тој начин, тој ќе биде комотен до падот на Владата на СДСМ во текот на 2022 до 2024 година, по што би се вратил слободно во Македонија.