
БOЧBAPCKИ ги пoтвpди нaшитe coмнeжи oд дoкyментoт oд Цapинa
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК 0284 БА кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството и дека за истиот автобус не поседувал извод од лиценца, а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус.
Во врска со шпекулациите во јавноста како превозникот „Беса транс БТБ“ ја минувал границата, министерот Бочварски информираше дека изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа, а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот „Беса транс БТБ“. Документот кој го извади од конфорна зона министерот Бочварски, ексклузивно го објави МКДенес.
Од тоа станува јасно дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило, а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.
Поради тоа Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата за вршење на дејност на превозникот „Беса транс БТБ“, истакна Бочварски и додаде дека на барање на Обвинителството, Министерството за транспорт и врски веќе ја предаде целосната документација за превозникот „Беса транс БТБ“ и дека во наредниот период ќе се постапува според барањата и потребите на Обвинителството.