СКАНДАЛ: Повторно партиски реваншизам во спортот

Спорт

Каратистот Емил Павлов од Штип постигна светски успех, стана светски вицешампион во карате. На тоа му честитаме и му посакуваме за кратко и шампионска титула. Македонија се гордее со него!

Но тоа не е случај со локалната самоуправа и градоначалникот Иван Јорданов од Штип, кои не организираат пречек на спортскиот амбасадор и штипската гордост Емил Павлов. Без разлика на историскиот успех! – се жалат неговите сограѓани и подржувачи.

Тие истакнуваат дека Емил бил “комуњар“, кандидат за советник од листата на СДСМ на локалните избори. Тоа докажува дека нема промени во политичкото дејствување на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Едноставно не ги бива. Штом повторно се практикува партиски реваншизам и тоа во спорт, ништо од „новите кадри“.

Честитки Емил, продолжи да редиш успеси!