KPИЗHO добpo утpo од аматepкатa

Добро утро

Апсолутна криза

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Ќе заседавал кризниот штаб за кoвид мерките?! Некој планира „да заседава„ за политичката, економската и енергетската криза или?? Најважни им се да ги „протуркаат„ небулозните мерки за да се зголеми процентот на вакцинирани, а останативе теми се споредни, очигледно. Со досегашните мерки на оваа влада од почетокот на кoвид – кризата во Македонија без работа оcтанале 18.266 лица, кои биле одјавени од своето работно место.

Вкупниот број невработени лица што активно бараат работа достигнал 159.608 лица, а на списокот со невработени се уште 90.700 лица кои се пасивни баратели на работа. Притоа, од февруари минатата година досега има 54 илјади повеќе активни баратели на работа, а бројот на пасивните баратели на работа во истиот период е зголемен за 4.600. Но, покрај евидентираниот раст на бројот на лица што останале без работа, она што загрижува во домашната економија е понатамошното пролонгирање на оваа здравствено – економска криза.

Македонската економија се наоѓа во една комплицирана состојба која бара брзи структурни промени кои ние многу тешко ги правиме. Но, поради партиските интереси и панаѓур политиките на Зоки, ние сме и во политичка криза! Досегашните мерки на владата на Зоки успешно не доведоа и до продлабочена економска криза. Благодарение на некадарните функционери во моментов Македонија е во асолутна криза!

Од моменталната ситуација и расположливите капацитети кризата не е само тешка состојба, туку од истата се повеќе од сигурно не очекуваат многу лоши последици. Само ние успеавме покрај сите кризи да си „накалемиме„ и политичка криза. Барем тоа можеа да го исконтролираат! Најтрагично е што воопшто не покажуваат никаква загриженост за вистинските проблеми. Приоритет е наследникот на Зоки, мнозинство во парламентот, рокот на вaкцините, меѓусебни дневни препукувања со опозицијата и партиските конгреси. Судбината на државата и нашиот опстанок е сведен на неколкумина штетници!

На кој колкаво парче да му припадне за „глодање„! Во нормални држави ваквото поведение не се толерира од страна на граѓаните. Во нормални држави одамна подготвуваат проценка на ризик од штетници и ги утврдуваат превентивните мерки што треба да се преземат против нивно ширење. Во нормална држава одамна ќе беа минато.