
ЕРДОГАН во параноја, еве од што се плаши
Турскиот претседател Таип Ердоган ги откажува посетите во странство, живее во параноја дека дојден е крајот, се плаши само од себе си, а не пак да верува на други. Тоа е опасна состојба кај секој човек, опасна и за него, но пред се за нацијата која ја раководи.
Ердоган пред само неколку денови го откажа учеството на климатската конференција ЦОП26, откако замислете Велика Британија не му гарантирала безбедност и не ги исполнила турските барања за безбедносни аранжмани, изјавија во понеделникот двајца турски претставници за Ројтерс.
Ердоган во паника го напуштил самитот на Г20 во Рим и се вратил во Турција, наместо да патува на климатскиот самит во Глазгов, јави државната агенција Анадолија. Турското претседателство не ги наведе причините за неговото непланирано враќање. Од неговиот кабинет се свесни за состојбата на претседателот и не коментираат.
Официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека имало проблеми со протоколот околу планираното присуство на претседателот на состанокот. Друг турски функционер рече дека британските власти не ги исполниле барањата на Турција во поглед на протоколи и безбедност.
„Претседателот сам ја донесе таа одлука бидејќи нашите барања во врска со бројот на возила и некои други безбедносни барања не беа целосно исполнети“, изјави висок функционер за Ројтерс. Претходно се очекуваше Ердоган да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, но тие се сретнаа во Рим во неделата.
Информациите од неговите соработници говорат дека живее во постојан страв од некој преврат, постојано говорел за „државниот удар“ пред некоја година, цело време зборувал за предавници, во секого гледал опасност и постојано ги менувал функционерите под сомнеж дека ќе го предаделе.