OБВИНИТEЛИTE и нивнaта ЌE изjaва

Изјави

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, заедно со шефицата на Одделот за организиран криминал, Вилма Русковска, вчера во Бугарија беа на местото на несреќата каде настрадаа 45 лyѓе, македонски државјани, а седуммина се повредени. Тие на автопатот „Струма“ се сретнаа со директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов.

На место да се преземат итни истражни мерки кон компанијата одговорна за животот на патниците, Русковска изјави дека на самото место е и превозникот на автобусите, претставникот од „Беса транс“, и таа имала кратка средба со него. Очекувано беше уште да ни го претстави како шеф на Македонија.

„Тука е превозникот, кратко се сретнавме. Ми рече дека 20 години има транспортна фирма, досега немале инцидент, но ние ЌЕ ја обезбедиме целата документација за сите автобуси – кога се регистрирани, кога бил извршен технички преглед и ЌЕ ги испратиме до колегите. Сепак, знаете, тој сега што сака може да каже, но ние обвинителите повеќе веруваме во документи отколку во што и да било друго“, рече Русковска.

https://www.facebook.com/watch/?v=236450981914793

Тоа значи обвинителството не преземало мерки во текот на целиот ден, освен што се прошетало до Бугарија, а во иднина ЌЕ собереле документи. Од тоа ЌЕ, ние сме на ова ниво како држава.

Јовески изрази сочувство до семејствата на настраданите и рече дека верува оти бугарските истражни органи професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Наместо да каже што преземала најодговорната институција, која токму он ја раководи, тој изразува сочувство. Најдобро сочувство е ако се казни одговорниот за оваа трагедија.

„Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и сѐ она што е потребно во истражувањето“, изјави Јовески.