ГРУЈОВЦИ во ТВ А1, заевци упаднаа во ТВ Алфа

Политика

Министерството за внатрешни работи се обиде да го објасни упадот во ТВ Алфа со копирано образложение од она од временот на МВРО на Гоца Јанкуловска кога упаѓаа во ТВ А1. Постапувале по налог на ОЈО. Па исто и грујовци постапуваа во налози на ОЈО додека ја загушуваа демократијата во земјава.

Министерството за внатрешни работи постапува согласно законските прописи на Република Македонија. Кривичните предистраги и истраги се водат согласно Законот за кривична постапка, а Министерството за внатрешни работи има обврска да постапува по именуваниот закон.

Во објавениот натпис на АЛФА телевизија и прикажаното оригинално барање од МВР јасно се гледа дека Министерството постапувало по Наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и не извршило никаков „упад“ во телевизијата.

Во дописот на МВР се вели дека полицијата претходно доставила писмено барање за обезбедување на документација, која има обврска веднаш по обезбедувањето да ја достави до Јавното обвинителство.