БУГАРСКИТЕ обвинители го демантира ЗАЕВ за преживеаните

Хроника

Седумтемина преживеани на страшната автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна, но многу тешка психичка состојба, соопшти бугарскиот Јавен обвинител откако ги посетил пациентите кои во моментот се хоспитализирани во софиската Клиничка болница.

Претходно Заев и македонските претставници изјавија дека се во добра состојба и дека ги посетиле преживеаните. Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на преживеаните.

-Повредените се во многу тешка психичка состојба. Единствено што кажуваат е дека сѐ се случило за неколку секунди. Не можам да кажам дали имало експлозија. Сѐ се случило за неколку секунди. На местото на несреќата се испрашани сведоците и очевидците на инцидентот, изјави претставничката на бугарското Јавно обвинителство.

Тоа го изјавија во присуство на шефовите на македонското обвинителство, Јолески и Русковска.

Медиумите објавија дека македонскиот ВД амбасадор во Софија единствено разговарал со српскиот државјанин кој го скршил стаклото и им помогнал на останатите шестмина за да се спасат. Но не разговарал со македонските државјани, што му е обврска. Дали тоа од причини на неспособност или поради состојбата во која се наоѓаат преживеаните?