СПАСОВСКИ министер или портпарол на Беса Транс

Изјави

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на прес-конференција изрази сочувство за трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 патници, а 7 се повредени.

Спасовски во улога на министер за внатрешни работи или на портпарол на Беса Транс, заборави на фактот дека автобусот кој уби 45 граѓани не бил лиценциран и пријавен за групен транспорт согласно Закон, а изјави дека очекувал брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и верувал дека со заедничка соработка многу брзо ќе имаме одговор на сите нејаснотии околу оваа трагедија.

Дрскоста на Спасовски замина до степен да објаснува дека Беса Транс направиле технички преглед на автобусот пред само еден месец.

„Она што засега можам да го кажам и е во доменот на податоци со кои располага МВР, а тоа е дека последната извршена проверка за техничка исправност на автобусот е направена на 5 октомври оваа година, а истражната постапка ќе ги даде одговорите на сите отворени прашања.“ – изјави Спасовски во обид да го прикрие скандалот за нелегалното користење на овој автобус од страна на Беса Транс.

Спасовски наместо да зборува за мерките кои ги презема МВР, тој спинува со изјави за Бугарија, што нема врска со неговото неодговорно однесување. Повеќе говори како свештеник, а не како МВР!

„Нашата земја и Бугарија се заедно во тагата за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, но и во активностите за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите, за што сме, исто така, благодарни“, истакна Спасовски.

Тој изрази сочувство до семејствата.

-Истовремено, нашите мисли и молитви остануваат со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови, крај најблиските, дополни Спасовски.

Министерот Спасовски вели дека во моментот на несреќата во автобусот имало двајца возачи, што е уште еден обид за давање на алиби од одговорност на Беса Транс. Повторно се прашуваме, дали е министер на граѓаните или портпарол на Беса Транс?