ДОБPO УТPO oд аматepкaта cо Милa кoja пpoдолжyва

Добро утро

Мила продолжува…

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Мила повторно се јави, овојпат со видео обраќање, сакајќи да не увери дека Министерството за образование и наука посветено работи на создавање на поквалитетно и достапно образование за секое дете. Нејзиниот начин на образование ќе овозможел на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој.

Реалноста е сосема поинаква. Училиштата се соочуваат со недостиг на наставен кадар заради пандемијата и истите немаат дозвола од Мила да обезбедат замена. Се снаоѓаат како знаат и умеат да ја организираат наставата. Кој како стигне, така одржува настава! Најпогодени се најмалите, оние кое сега се описменуваат. Секојдневно се соочуваат со промени и нови ликови на кои треба да се навикнат. Еден ден дефектологот, па другиот ден педагогот па библиотекарот… и така со ред, кој како е слободен тој ден. И во тоа Мила подразбира подобрување на условите за настава во училиштата, па и спроведува нови наставни програми?!

Во училиштата владее општ хаос! Отсутни деца поради пандемијата, нема изолации на останатите, се шири вирусот, се отвараат кластери, ама Мила е задоволна, вели се е под контрола! Без срам “мели” за почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам, а прво таа не ги почитува! Мила треба да одговара за уништените генерации, за пропуштената шанса на дечињата да се описменат, за ширење на вирус во школите за време на пандемија и за брутално кршење на Законот за образование.

Мила под превезот на пандемијата и сокриена под владини уредби ја направи најголемата штета на општеството, злоупотребувајќи ја својата позиција како министер. Но тоа не е актуелно, ниту за опозицијата ниту за власта. Тие се занимаваат со политичкиот панаѓур кој треба да им овозможи удобни фотељи и просперитет на своите деца, некаде по европските држави каде што нема вакви експерименти во образованието.