ГPAЃAНИТE сe зaведeни oд Pycиja пopaди нeинфopмиpaнocт

АНАЛИЗА

Дискусијата во врска со определбата за кого си, Америка или Pycиja е стара повеќе од сто години во Македонија. Често тоа е причина за жесток судир помеѓу самите Македонци, што е повеќе од комично. Но станува и сериозно како што сериозно иднината на Македонија зависи од тоа чиво „конечно решение“ за Балканот ќе преовлада.

„Македонските граѓани се заведени од руската пропаганда поради неинформираност, а не дека се определени и поддржуваат уништување на својата држава. И САД и Pycиja си имаат свои интереси, се водат по нив и се обидуваат да ги наметнат насекаде низ светот, па и тука на Балканот вклучително и Македонија“ – често изјавува Петар Богојески на неговите ТВ настапи.

Но секогаш останува дилемата, кои се тие интереси. Што се обидуваат овие две супер сили да и наметнат на Македонија. Секако дека анализата не може да биде црно бела, не може да се подели на добри и лоши, не може да се каже дека едните се супер демократи, а другите екстра антидемократи, но секако дека може да се прецизира.

Најсимплифициран одговор на тоа добивме од Богојески, кој се обиде на овој начин да објасни:

„За да биде најразбирливо, ќе именуваме два интереси, американски и руски. Тие два се со сериозни разлики тука на Балканот, а особено за иднината на Македонија. Јас ќе ги наведам со само две реченици:

  1. Американците сакаат Балканот да биде под контрола на НАТО, целосно интегриран во ЕУ, вклучително и Србија и Косово. Тие се ПРОТИВ било какво менување на границите, туку нивно бришење во рамки на Обединета Европа. Инсистираат Македонија да остане како што е, суверена и независна, во овие граници и да стане членка на ЕУ;
  2. Pycитe сакаат Балканот да биде под контрола на „пријателски армии“, се мисли на српска и бугарска, да се спречи ширењето на ЕУ, а економскиот развој да зависи од нив. Тие се ЗА промена на границите на Балкан, со што Косово се дели на јужен дел за Албанија и северен за Србија, поделба на Македонија на делови за Албанија, Србија и Бугарија и поделба на Босна на најмалку две дела, од кои источна влегува во рамки на Србија.

Убеден сум дека Македонците не го сакаат решение бр.2, но упорно со главата во ѕид, дел од нив мислат дека Pycиja е наш пријател. Pycиja сака да ја нема Македонија, а да ги има голема Србија и Албанија и проширена гладна Бугарија, а Америка сака сите да бидеме дел од ЕУ, мирни и спокојни соседи. Тоа мора да го разберат нашите граѓани, изјавува Богојески.

Приказните за лошите Американци кои ги спасувале клетите шиптари од Арачиново, па за бомбардирањето на Македонците во Егејска Македонија, се тешки глупости. Зошто?

Граѓанската војна во Македонија во 2021 година, токму Американците не дозволија да заврши со распад на земјата. Таа го задржа внатрешниот карактер и се сведе на граѓански права и нови општествени односи. Тогаш Љубчо Георгиевски под руски притисок се обидуваше да ја подели Македонија на минимум два дела, а Борис Трајковски со помош на САД ја спаси земјата од распад. Значи клетите шиптари од Арачиново не ги спасуваа лошите Американци, туку ги разоружуваа терористите и ја смируваа состојбата да не ескалира со меѓудржавен судир помеѓу Македонија и Албанија и Косово.

богојески

Бомбардирањето на Македонците во Егејска Македонија беше судир помеѓу прозападната влада на Грција и пpopycката опозиција во која за жал се вклучија и Македонците. Pycиja знаеше дека Грција им припадна на западниот свет, согласно Спогодбата на Јалта 1944 година, а ги намести Македонците да умираат како топовско месо на однапред договорена војна. Точно е дека западот беше на страна на Грците, но нашите настрадаа зашто Pycиja ги намести да учествуваат во наместена војна, а не да ги ослободува.

Вината е на Cтaлин и бошевиците, кои без грам совест не наместија и оставија врз нас да се изврши гeнoцид после Втора cветска Војна. Ако не се случеше таа граѓанска војна во Грција согласно Договорот од Јалта и не бевме наместени од Cтaлин, сега во Егејска Македонија ќе живееа преку два милиони Македонци кои говорат македонски јазик. Сега се многу помалку. Повеќето Македонци говорат на грчки јазик.

Врз основа на изнесеното, многу лесно е да се препознае македонскиот национален интерес. Тоа е да останеме унитарна и суверена земја, полноправна членка на НАТО и ЕУ. Се друго е спротивно на македонските интереси и е план за уништување на Македонија. Pycиja не поддржува самостојна и суверена Македонија на Македонците. Никогаш не прифатила и секогаш уништувала секоја таква македонска иницијатива. Ние добивме шанса само од Америка за тој наш сон, од Вудро Вилсон наваму, до денес. Да го реализираме нашиот македонски сон, а не да сонуваме туѓи, завршува Богојески.