БОГOJECKИ paзoчapaн oд Kypти, oва e пpичинaта

Изјави

Изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти за согласност со промена на границите на Балканот, длабоко го разочара и Петар Богојески од Македонски Концепт, но и сите прогресивни и проевропски граѓани. Богојески често знаеше да го пофали Курти за неговите внатрешни политики, особено борбата со корупцијата.

Имено, Курти изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија, дека Косоварите и Албанците се ист народ со ист јазик и треба да живеат во иста држава, со други зборови за него Косово е вештачка творба и со демократски средства треба да се припои кон Албанија.

Богојески на тоа реагираше преку социјалната мрежа ФБ и на неговата официјална фан страна објави:

„Овој човек, Албин Курти кој го почитувам како чесен човек, или ги нема сите информации или едноставно не ја гледа големата слика. Трето нема!

Филмот каде сите Срби живеат во една држава и само Србија може да се грижи за нив, па сите Албанци живеат во една држава и само Албанија може да се грижи за нив, е режиран од Cлoбoдaн Mилoшeвиќ! Зошто Курти го гледа истиот филм? Немам логичен заклучок!“ – изјавува Богојески.

„Дали го јавнала „диктаторската интернационала“ или има смут со неговото левичарење кое по дефиниција е измеќарење кон Москва, навистина не можам да кажам, но логиката ме води во тој правец! За жал секако!“ – разочаран е Богојески.