ДУИ сo нoво бapaње oд Зaeв

Политика

Откако претceдателот на Демокpaтcка yниja за интeгpaциja, Aли Axмeти, истакна дека имал тензичен однос со премиерот Зopaн Зaeв, поради неговото заминување од политичката сцена, веќе се најавуваат нови апетити на оваа партија.

Тој вели дека не се согласува со неговата одлука да си даде оставка од премиерската функција, но доколку е трајно одлучен на истото, тоа веќе ги менува односите во коалицијата и во начинот на функционирање на Владата.

Информациите кои доаѓаат од скопското крило на ДУИ говорат дека Ахмети ќе бара новиот премиер да биде од таа партија и да биде етнички Албанец, доколку Заев си заминува и сака да отстапи министерства на Алтернатива на Африм Гаши. ДУИ се подготвени да отстапат министерства за новиот коалиционен партнер и да ги задоволат апетитите на Гаши, само доколку СДСМ го отстапи премиерското место.

Дали се СДСМ и Заев подготвени на ваква отстапка или ќе мораат да прифатат предвремени Парламентарни избори? Дали ДУИ има договор со ВМРО ДПМНЕ да предизвика предвремени избори и трајно да се симне СДСМ од власт, а ДУИ да остане и во следната Влада? Граѓаните за кратко ќе ги имаат одговорите на овие прашања.