
KУPTИ paзoчapa, coглаceн сo пoделба нa Kocoво
Премиерот на Косово, Албин Курти ги разочара сите прогресивни и проевропски граѓани со неговите изјави за спојување со Албанија. Тој смета дека Косоварите и Албанците се ист народ со ист јазик и треба да живеат во иста држава.
Курти изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија но само под еден случај – ако таквиот референдум се спроведе мирно и демократски. Со други зборови за него Косово е вештачка творба и со демократски средства треба да се припои кон Албанија.
„Сега имаме обострано непознавање, но мораме да се познаваме. Нема да се напаѓаме едни со други. Исто така сметам дека ЕУ е важен фактор кој може да обезбеди рамка за идна спогодба“, вели Курти.
Курти знае дека има две можности, поделба на Косово и менување на границите, на што инсистира Србија, а делот што ќе остане во албански кантон слободно да замине со Албанија или влез во ЕУ и Балкан без граници, како сите би биле заедно во големата Европска федерација.
Изјавата на Курти оди во насока на „српски свет“ и политиката на Србија за промена на границите. Дали Курти го покажува својот „левичарски“ идеал за попусливост на руските интереси во Југоисточна Европа?