КОНГРЕСОТ на САД во акција, попарени руските милицајци во Софија

Свет

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом – КОНГРЕСОТ на САД испратија писмо до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев, од кого побараа да се реши билатералниот спор со Македонија, за да може државата да ги почне преговорите со Европската Унија до крајот на годината.

„Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група, пренесе ВОА.

Членовите на Конгресот, меѓу кои демократскиот конгресмен од Масачусетс Бил Китинг и републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, напишаа дека се свесни оти „покрај тоа што Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, останува спорот меѓу вашата држава и Македонија, што ги спречува Албанија и Македонија да ги почнат тие разговори“.

каракачанов

Во Бугарија руските милицајци се попарени и го чекаат денот кога ќе им биде пресудено!