
ДОБРО УТРО од аматерката со панаѓурот на Зоки
Панаѓурот на Зоки
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Не така многу одамна итните реформски приоритети станаа и услов за препораката за почнување преговори за членство во Европската унија. Групата експерти, предводена од Германецот Рајнхард Прибе, беше ангажирана од Европската комисија по објавувањето на „бомбите“ на опозицијата да изработи анализа на ситуацијата и да даде препораки.
Извештајот беше објавен на 8 јуни 2015 година, а претходно групата имаше три посети на Македонија во април и мај. И сето тоа од причина што тогашната власт не успеа да покаже неопходна политичка волја за да се справи со прашањата што беа дефинирани во „итните реформски приоритети“. Заев даде “чесен збор” дека тоа го може и ја превзеде власта. И што направи?!
Итните рефромски приоритети станаа одеднаш споредни, а неговото владеење зависеше од дневниот политички пазар со опозицијата. Токму со тој начин на “панаѓур” политика му овозможи на корумпираната опозиција како “феникс” да се издигне од “пепелта” и од него да побара одговорност за не спроведувањето на рефромските приоритети. Народно кажано “со свој камен, по своја глава”!
Но која е причината поради која се доведе во ситуација да може да го “насочува” опозицијата?! Очигледно е дека морал да калкулира заради неговите корумпирани министри и некадарни функционери. И повторно сме сведоци на уште еден “панаѓур”. Повторно Заев одлучил “на тезга” да одлучува како понатаму!
Тоа значи дека овојпат повторно само се спасува себеси, некој многу за него битен министер и се разбира некој од претходната власт “заглавен” по судските ходници. Ќе ни потрае панаѓурот, овојпат и со нова енергетска криза.