ДИМИТPOB cе избpyкa, вeќе нe знae штo збopyва
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека, иако преференцијата е декември, од неколку главни градови во Европа слушнал дека и јануари останува како можност да се успее.
Фокусот за договор со Софија за надминување на разликите е на декември, но периодот е краток и затоа не се исклучува и јануари како опција за датум за почеток на преговорите на земјава со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за ТВ 24.
Тој потенцира дека актуелниот претседавач со ЕУ, Словенија има стратешки интерес „да го мрдне регионот кон Европската Унија“, потсетувајќи дека по неа претседавањето со ЕУ го презема Франција, каде што напролет се предвидени претседателски избори.
Во пресрет на Самитот на ЕУ во декември, утре во Скопје ќе престојува австрискиот министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт. Исто така утре во дводневна посета на земјава ќе допатува полскиот претседател Анджеј Дуда.