БОЈКО победи, еве колку Бугари гласале во Македонија

Македонија

Централната изборна комисија во Софија, според првичните резултати соопшти дека на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, од Македонија гласале околу 650 бугарски државјани во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип.

Најмногу гласови, 207, освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, а на второ место е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа или 20,7 отсто. Токму тие кои се најголеми губитници на изборите во Бугарија, во Македонија се победници. Тоа е тоа наделеку познато македонско лудило.

Победничката новоформирана партија Промената продолжува, во Македонија освои 68 гласови, или 10,3 отсто. Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов освои 21 глас, или 3,2 отсто.

Ова означува масовна излезеност во земјава. Од сонуваната бројка на 120.000 граѓани со бугарско државјанство во Македонија, бројка врз основа на која официјална Софија ги темели своите политики спрема нашата држава, на гласачко место се појавиле само 650 луѓе. Па сега правете оценка дали знаат што говорат бугарските политичари.