САД интервенира, Русија против христијаните во Грузија

Свет

Во воениот буџет на САД се предвидуваат мерки за ослободување на грузиските региони и засилување на политиката на непризнавање на сепаратистичките антидржавни режими.

Владата на САД ги повикува сите држави и организации да не поддржуваат воспоставување односи со окупираните територии Абхазија и Јужна Осетија, а во спротивно ќе бидат соочени со низа ограничувачки мерки.

Русија ја нападна христијанска Грузија во 2008 година и ја призна независноста на двете грузиски области. Москва префрли дополнителна војска и вооружување во своите воени бази таму, со што грижата за легалната власт и суверенитет на Грузија, ја презеде САД.

Сите земји во светот, со исклучок на Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија, ја признаваат сувереноста на Грузија над тие територии, окупирани од непријателската руска армија.

Во изминатите 28 години Вашингтон за Гризија издвоил вкупна помош во висина од 4.3 милијарди долари и таа расте од година во година, со цел заштита на христијанското население од нападите на агресивните дикаторски руски амбиции на Кавказот.