Заев со благодарност до Шекеринска

Балкан, Македонија, Политика

Денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 26. изборен конгрес на партијата .Изјави благодарност до досегашното раководство на партијата .

 

Се одржа изборен конгрес на кој ќе се бира нов состав на ЦО на Надзорниот одбор.А потоа и ново раководство на партијата.

 

Тој се заблагодари на заменик претседателката Радмила Шекеринска за досегашната соработка. Шекеринска денеска, заедно со Заев, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Мухамед Зеќири, Коста Петров, Мила Царовска , Душко Весковски, Марко Михаиловски, Снежана Калеска Ванчева и Сања Лукаревски е дел од предлог – работното претседателство. Кое беше усвоено од делегатите со 700 гласови „за“, пет „против“ и пет „воздржани“.

Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години, кога земјата ја извадивме на прав пат. Продолжуваме заедно. – изјави Зоран Заев.