
Жестоки реакции на Македонците против Мицкоски
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, господин Христијан Мицкоски застана на страната на Израел во судирот со Палестина. Тој искажа став дека Израел има право на одбрана.
На ова се случуваат повеќе денови жестоки реакции. Не само од муслиманите од Македонија, туку и од многу христијани. Особено реагираат македонските партиоти кои напоменуваат дека Израел никогаш не ја призна Македонија под уставно име. Дека Израел стоеше на страна на Грција против Македонија. Не се знае и сега дали е на страната на Бугарија против Македонија и го поддржува ветото.
Македонските патриоти се сеќаваат на сите настани од минатото. Тие се традиционални гласачи на ВМРО ДПМНЕ. Со овој став на Мицкоски, сите нив ги губи како гласачи на следните избори. Мицкоски поддржува страна која е против Македонија. Македонците напоменуваат дека тоа не му е прв пат на лидерот на ВМРО ДПМНЕ.