
ЗАЕВ излезе од пештера, заразен од тежок синдром
Премиерот во оставка Зоран Заев страда од „грујовиот“ синдром. Тој после сокривање од јавноста во стилот на „диктаторот“, одлучи да говори во име на граѓаните, за тоа што е дозволено, а што не е, сама тој е патриот и ја брани Македонија од предавници и непожелни. Буквално го тресе „грујов“ синдром.
По осум дена сокривање во пештера како мечката на Латас, откако најави дека повеќе нема да извршува државни и партиски функции, повторно се предомисли и порача дека нема да дозволат државата да ја водат, Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев и Никола Груевски.
Заев никако да каже вистина дека се предомислил и дека ќе остане премиер, но веќе медиумите тоа го препознаа и на големо го ругаат како Груевски со пржинските изјави, најави и дојави, на лепено, сечено и монтирано.
Свежо е сеќавањето на онаа изјава, нешто е точно, друго е делумно точно, а трето е монтирано. Очигледно и Заев влезе во фазата „жолти комбиња“. Тој изјавува:
„За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низ брдо, а народот да страда.“ Демек тој нема желба за власт, туку стои на власт од огромна љубов кон Македонија.
Заев продолжува: „Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.“ А никако да признае дека со неговиот Отворен Балкан, токму овие договори пепел ги направи.
Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново, заклучува Заев. Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.
Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, објави Заев, а не знае дека токму солидарноста е најголемата десничарска вредност, спротивна на неговата социјал – демократија.